ВИДЕО: Таткото на Матеј останува во Белград додека не го најде својот син – жив или мртов

Од:

Новинарот на РТЛ, Борис Мишевиќ, утрово се приклучи во емисија на ТВ Пинк каде зборуваше за таткото на исчезнатиот Матеј Периш.

Вели дека се спријателил со Ненад Периш, но и дека овој човек со кој секојдневно разговара, го мотивирал со својата сила во оваа тешка ситуација. Вели и дека Ненад останува во Белград додека не го најде Матеј – жив или мртов.

– Таткото на Матеј е неверојатен човек. Моето познанство со овој човек ме мотивираше, кога ја видов неговата сила и отвореност кон сите медиуми. Најдоброто е што таткото цело време ја „спушта топката на земја“. Тој дури им го честиташе Божик на сите православни верници во оваа за себе тешка ситуација, вели Мишевиќ.

– Разговарам со него секој ден, бидејќи станавме пријатели. Таткото останува во Белград додека не го најде Матеј, жив или мртов! Тој сака да ја затвори оваа приказна. Сака само да си го донесе синот дома, жив или мртов – додаде новинарот на РТЛ.

Потрагата по исчезнатиот Матеј Периш денеска влезе во деветти ден, а неговиот татко Ненад се уште не губи надеж дека неговиот син ќе биде пронајден. Тој утрово за српските медиуми и откри нови детали од истрагата.

– Ситуацијата е таква каква што ми кажаа на Божик во МВР, ми рекоа дека потрагата ќе продолжи и вчера се уверив дека е така. Благодарност до секој полицаец посебно и на сите што учествуваат во потрагата, рече тој.

– Потрагата оди по својот пат, за жал немаме нови информации, полицијата ме прашува некои работи, така што гледам дека се решаваат многу дилеми. Јас сум лаик, но гледам дека тоа се прави, има многу информации, но не тие што ги очекуваме, за жал – додаде тој.

„Јас сум родител. Сè што мислам, верувајте ми, мислам од сто различни страни. Јас сум сто проценти убеден, ме интересира само вистината. Не треба да замислувам нешто што не е вистина, јас не сум таква личност. Вистината ќе не доведе до Матеј ако даде Бог. Тоа што знам дека е вистина, познавајќи го син ми од она што го видов, е дека некаде сакал да оди. Кога излезе од локалот не трчаше колку што гледам, а да не знае каде трча. Пази каде оди, на работ на патот, па направи движење со раката да го запре таксито. Отиде до влезната врата, па се врати и го праша таксистот, а потоа продолжи. Штета што таксито не беше слободно“, рече тој, едвај задржувајќи ги солзите, пренесуваат српските медиуми.

27-годишниот Матеј Периш исчезна ноќта меѓу 30 и 31 јануари, откако вечерта бил во клубот „Готик“ на шеталиштето Сава во центарот на Белград.

Би можело да ве интересира

Во крвта на Матеј Периш пронајдени спид и алкохол, а во примерок од косата – кокаин

А1он

ВИДЕО: Сестрата на Матеј Периш: „Белград, никогаш повеќе…“

Ненад Периш одржа трогателен говор: Благодарам Белград, си одам дома со мојот син

Предраг Петровиќ

Телото на Матеј Периш денеска ќе биде испратено за Хрватска

Катерина Ѓуровски

Телото на Матеј ќе биде изложено во црква во Белград, оттаму ќе биде испратенo во Сплит

Ана Ололовска

ДНК анализата потврди, телото пронајдено во Дунав е на Матеј Периш

Катерина Ѓуровски