(ВИДЕО) Судир на специјалците и воени ветерани во Сараево: Зар за ова ја дадовме нашата младост?

Од:

Неколку стотици демобилизирани борци кои протестираа пред зградата на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска се судрија со полицијата.

До инцидент дојде откако учесниците на протестот ја блокираа главната крстосница во Сараево. Во судирите помеѓу полицијата и ветераните повредени се четворица специјалци, а две лица се уапсени, потврдија од полицијата на Кантонот Сараево. Според неофицијалните информации, повредени се и десетина учесници на протестот.

Од полицијата соопштија дека употребиле и солзавец, бидејќи дел од демонстрантите имале метални шипки.

Демобилизираните војници бараат да се закаже итна седница на двата дома на Парламентот со една точка на дневен ред- Усогласување на амандманите за Законот за демобилизирани војници и членови на нивните семејства.

Тие најавија дека пред зградата на Парламентот ќе останат се додека нивните барања не бидат исполнети. Борците ги повикуваат граѓаните на Сараево да им се придружат и прашуваат дали за тоа крвареле и ја дале младоста.

– Не прашувате која политичка партија стои зад нас? Ниту една. Нас политика не не интересира, само ги сакаме нашите правата. Повеќе од 20 години сме гладни, рекле поранешните борци на новинарите.

Би можело да ве интересира

НАТО за ситуацијата во Босна и Херцеговина: Ова не е 1992 година

Дете падна од балкон на четврти кат од зграда во Сараево, почина во болница

Несреќа во Сараево: Дете падна од четврти кат

(ВИДЕО) Голем пожар над Сараево, пожарникарите се борат да го спречат ширењето на пожарот

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Сараево – најдепресивен град на Балканот

А1он