ВИДЕО: Страшни сцени од Атина, огнот голта се пред себе

Од:

Во Грција во последните 24 часа избувна 81 пожар, а пожарникарите и натаму се борат со 40 кои се активни потврдуваат грчките власти.

Најголемиот и најопасниот пожар кој избувна вечра околу 13 часот и кој и натаму гори е во северните предградија на Атина.

Таму со огнот во текот на ноќта се справуваа 520 пожарникари, 17 теренски тимови и 150 пожарникарски возила.

На периферијата на градот владее ноќна мора, главно е да се спасуваат животи изјави денеска премиерот Мицотакис.

На пожарникарите во гаснењето им помагаат и војската, полицијата доброволци и локалните власти.

Според последните информации, пожарот на Кос е локализиран, на на островот Евиа пожарникарите се борат да го стават огнот под контрола.

Од 40 активни пожари, денеска во Грција, поради четири имаше евакуација на населението.

На острово Евиа изгореа 12.500 хектари земја, 76 куќи се тешко оштетени, а уништени се 82 возила.

Би можело да ве интересира

Пожар во семејна куќа, пронајдени три јагленосани тела

А1он

Обвинение за намерно предизвикување пожар во кафуле во Кисела Вода

Предраг Петровиќ

Пожар во Кавадарци: Изгоре дел од куќа

Двајца станари, пожарникар и полицаец се повредени во пожарот во зграда во Кисела Вода

Катерина Ѓуровски

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Пожар во куќа во центарот на Куманово