ВИДЕО: Српскиот претседател Вучиќ ја започна кампањата на Инстаграм

Од:

Претседателот на Србија и Српската напредна странка, Александар Вучиќ, вечерва на Инстаграм објави предизборен спот, со порака дека „Србија мора да продолжи напред“.

„Србија требаше да биде обновена и ние ја обновивме“, се наведува во спотот, објавен на инстаграм профилот „avucic“, во кој се истакнува дека за време на владеењето на СНС се обновени патишта, железници, домови, училишта, економијата, војската и меѓународниот углед на земјата, како и дека се отворени нови работни места.

Во спотот се вртат и снимки од средбите на Вучиќ со германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, рускиот претседател Владимир Путин, кинескиот претседател Си Џипинг и израелскиот премиер Бенјамин Нетјанаху.

Спотот завршува со слоганот „Александар Вучиќ – за нашите деца“.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани