ВИДЕО: Српскиот мафијаш Вељко Беливук со поранешен специјалец вежба со снајпер

Од:

Емисијата „Хит твит“ на српската телевизија Пинк ексклузивно прикажа снимки од Небојша Јанковиќ, поранешен член на 63 падобранска единица и чувар во затвор, како обучува членови на групата на Вељко Беливук да пукаат со снајпер.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој гостуваше во емисијата „Хит твит“, рече дека тоа е втор снајпер откриен од полицијата и рече дека дури и првиот снајпер на стадионот немало да биде откриена доколку еден криминалец не се пофалил со тоа.

– Ова е втор снајпер, кој му припаѓаше на маж од Жарково, а овој на стадионот беше посебно скриен, државата немаше да го открие ако не беше грешката на еден од криминалците. Овој човек е професионалец, сериозен човек, што се однесува до снајперите, ако имате панцирно зрно, тоа се користи за напад врз луѓе до кои не е лесно да дојдете, па веројатно има разни теории во досиејата што ги добив од безбедносни служби, секако дека тоа не беше подготвувано за Шарaц или некој сличен – рече Вучиќ и додаде:

– Нема да носам панцири на територијата на мојата земја. Не можам да кажам, навистина не сум сигурен дека сум мета. Дојдоа до тој заклучок затоа што снајперот не се користи за некој чие обезбедување може да предизвика сериозни загуби.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он

Беливук сонуваше да биде Легија вели човекот кој го уништи Земунскиот клан

Горан Наумовски