ВИДЕО: Српски автобус се преврте во Германија, 19 патници се повредени

Од:

Автобус на српска транспортна компанија со 34 патници денеска се превртел на германскиот автопат А13, откако удрил во заштитната ограда, јавија локалните медиуми.

Несреќата се случила на делницата меѓу Стаков и Фрајвалде, во сојузната држава Бранденбург. Според полицијата, автобусот се превртел на страната, по што се лизгал стотина метри во просторот меѓу сообраќајните ленти.

Автобусот утрово тргнал од Белград кон Берлин, а според српските медиуми, седуммина од повредените се државјани на Србија. Германската полиција засега не ги наведува причините за сообраќајката.

Повредените веднаш биле префрлени во болниците во блиските градови, а во акцијата за спасување учествувале и хеликоптери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Три жртви во страшна сообраќајка кај Бања Лука

А1он

Во сообраќајка кај Гевгелија загина 19-годишник

А1он

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ