ВИДЕО: Со голи раце задавил мечка која го нападнала

Од:

Блажо Грковиќ од село Врба кај Гачко е 48-годишниот Херцеговец кој задавил мечка со голи раце.

Грковиќ, кој сега се наоѓа во болница, во разговор за агенцијата „Срна“ потврдил дека се чувствува подобро и дека дури сега е свесен што се случило.

-За среќа ја понесов секирата со мене. Кога ме нападна успеав еднаш да ја удрам. Таа ме гризеше, а јас ја удирав со тупаници, неколку пати раката ми беше во устата на мечката. Ни сам не знам како ја совладав, ја држев за грклан, додека не падна – вели тој.

Откако се спасил, Блажо го повикал соседот Божидар Елез, кој повикал итна помош.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина