ВИДЕО: Снег во јуни ги изненади жителите на турското црноморско крајбрежје

Од:

Снег падна во неколку турски провинции на брегот на Црното Море, а изненадените жители на регионот објавуваат снимки од снегот, многу невообичаен за овој период од годината.

– Времето вчера беше прекрасно. Се разбудивме наутро – сè беше покриено со снег. Не е зима, туку лето, јуни!“, изјави жител на селото Каврун Јилас, во провинцијата Ризе, пред телевизијата ТРТ Хабер.

Снег падна во голем број високопланински села во црноморските провинции Ардахан, Ризе и Болу, а популарен скијачки центар на вулканот Ерџиес во провинцијата Кајсери во централниот дел на земјата, е исто така покриен со снег, објави Си-Ен-Ен Турк.

Снежна покривка од пет сантиметри има и на планината Улудаг (Олимп) во близина на градот Бурса во западниот дел на Турција. Според ТВ каналот АХабер, минатата недела во оваа област температурата достигна +30 степени Целзиусови.

Турскиот метеоролошки завод предупреди на обилни врнежи од дожд и опасност од поплави покрај брегот на Црното Море и ги повика граѓаните да бидат претпазливи.

Би можело да ве интересира

На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег

Слаб снег провејува во Кичево, Пресека и Буково

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

Студено со снег и забрани и предупредувања за движење на критичните точки

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

А1он

Постаро лице заглавено од снежни наноси во својот дом во Кочанско, одбива евакуација