Германецот Ларс Митанк на бизарен начин стана познат – тој исчезна. Митанк важи за „најпознатиот исчезнат човек на Јутјуб“, а мистеријата за неговото исчезнување е извор на многу дебати.
Рано утрото на 8 јули 2014 година, Ларс Митанк пристигна на аеродромот во Бугарија за да фати лет за Германија. Излегол од таксито, ги подигнал торбите и влегол во одделот за полетување на аеродромот.
На снимката од безбедносните камери се гледа како тој влегува, а потоа истрчува надвор од зградата без багаж и оди подалеку од аеродромот како некој или нешто да го брка. Изгледа преплашено и параноично. Застанува пред главниот влез на аеродромот на секунда, а потоа трча преку паркингот, се прекачува преку бодликавата жица и исчезнува во блиската шума.
Оттогаш никој не го видел. Митанк бил во Бугарија со пет пријатели и сите имале над 20 години. Тие биле на одмор на Црното Море. Неговите пријатели изјавиле дека за време на одморот не виделе знаци на чудно однесување, освен денот кога требало да одлета за Германија.
Доколку се потврди дека Матеј Периш е на снимките, овој случај неодоливо потсетува на исчезнувањето на германскиот млад човек Ларс Митанк на одмор во Бугарија во 2014 година, кој до денес не е пронајден, а последен пат е виден на камера како трча без причина.