ВИДЕО: Силно невреме во Србија, делови од Ниш останаа без струја

Од:

Најавениот дожд и невремето најпрво пристигна на југот на Србија. Најпрвин Ниш и неговата околина нешто по 15 часот ги зафати невреме и грмотевици, а потоа лошото време се пресели на север.

Во Ниш врнеше силен дожд проследен со ветер и грмежи. Поради лошите временски услови, некои делови од градот останаа без струја. Според нишките медиуми, струја нема во населбата Паси Пољана, дел од Палилула и булеварот Византиј.

Во Александровац, Крушевац, Трстеник и околните места повеќе од еден час врнеше дожд што им создаде големи проблеми на граѓаните. Во Александровац дождот бил толку силен што не можело да се движи по улиците, а од снимките се гледа дека количината на вода е толку голема што се создал порој кој минува низ улиците на овој град, носејќи се пред себе.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани