ВИДЕО: Силно невреме во Сплит – островите отсечени, улиците поплавени

Од:

Обилниот и долготраен дожд кој паѓаше денеска предизвика поплави во Сплит, на јадранското крајбрежје, а пожарникарите се ангажирани да испумпуваат вода од пониските објектите во јужниот дел на градот.

Надојдената вода ги поплави улиците и го отежна сообраќајот во Сплит, а локалните линии на траекти и катамарани до блиските острови се во прекин поради високите бранови, па островите практично се отсечени од градот и од останатиот свет.

– Сите служби се на терен и помагаат во санација на штетата предизвикана од енормното количество на дожд што паѓа од утрово во Сплит и околината. Ги молиме граѓаните да бидат внимателни и трпеливи, посебно во сообраќајот, се наведува во соопштението на градските власти.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби