(ВИДЕО) Силно невреме во Црна Гора, туристи и локални жители минуваат низ големи езерца

Од:

Силно невреме пропратено со дожд и ветер денеска ја зафати Црна Гора. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како силен дожд паѓа во неколку градови во Црна Гора. Во описот на едно од видеата се наведува дека невремето ги зафатило Улцињ, Бар и Херцег Нови.

Силниот дожд доведе до поплави на улиците, па можете да видите како граѓаните се засолнуваат од врнежите. Тешко е за граѓаните да се движат низ улиците на крајбрежните градови. Во Тиват дождот доведе до драматична ситуација на аеродромот. Како што може да се види на објавената снимка, водата зафатила голем дел од паркингот пред аеродромот каде луѓето сега се обидуваат да стигнат до своите возила.

Може да се забележат и туристи и локални жители како минуваат низ големи езерца, носејќи куфери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Невреме во Париз, поплавени се улици и метро-станици

Горан Наумовски

Четворица српски државјани повредени во сообраќајка во Црна Гора

(ВИДЕО) Нов Зеланд e погоден од најсилните ветрови во последните 10 години

Невреме во САД: Најмалку тројца загинаа, а половина милион луѓе останаа без струја во неколку држави

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето