ВИДЕО: Силно невреме го погоди Белград, во некои делови од градот предизвикани поплави

Од:

Силно невреме со врнежи, ветар и грмежи вечерва пристигна во Белград.

За кратко време наврна големо количество дожд и на улиците се создадоа вистински реки.

Како што може да се види на видеата објавени на социјалните мрежи, во некои делови од градот дождот предизвика поплави.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MOJ BEOGRAD (@moj_beo_grad_)

Проблеми имаа и автобусите на градското сообраќајно претпријатие, кои на некои улици тешко се движеа низ големото количество вода.

На некои места на средината на патот избиваа мали „гејзери“ од канализациониот систем.

На социјалните мрежи беа објавени и снимки од облакот кој се надвисна над Белград непосредно пред почетокот на невремето.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ФОТО) Тргнаа 11 автобуси од Македонија: Поддршка за Србија

А1он

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

(ВИДЕО) Драма на стрелиште во Белград: Маж се заклучи и се заканува дека ќе се самоубие

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од невремето во САД се искачи на пет