(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Од:

Шпанските власти го уапсија Харедин Фејзула, 59-годишен Албанец од Косово, кој белгиските власти го осудија на 29 години затвор за поседување и продавање дрога.


Акција на шпанската национална полиција доведе до апсење на 10 лица во мадридската населба Карабанчел, меѓу кои и Харедин Фејзула, обвинет за водење на банда со седиште во Белгија, објавија албанските медиуми.

Групата била посветена на одгледување и трговија со канабис, нелегален бизнис кој им заработил богатство од повеќе од четири милиони евра.

Во 2022 година тој беше осуден на 29 години затвор во Брисел, но по изрекувањето на пресудата избега.

Според полицијата, истрагата за негово пронаоѓање започнала во јануари 2023 година поради сомневање дека се крие во Мадрид.

Тој беше баран од Европол.

Би можело да ве интересира

Кокаин пронајден во гајби со банани во Норвешка

А1он

ВИДЕО: Пропадна и осмиот обид за избор на претседател на косовското собрание

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место

ВИДЕО: Фрлени две рачни бомби на пошта во Косово