(ВИДЕО) Шееcет илјади на улица во Подгорица, 250 илјади низ Црна Гора, расте отпорот

Од:

Во главниот град на Црна Гора пеш пристигнаа семејствата на сите стари црногорски племиња, а многумина од пред Храмот на Христовото воскресение во Подгорица дојдоа по неколку часа пешачење. Ова е најголемиот собир во Црна Гора досега, известуваат странските медиуми и наведуваат дека има помеѓу 50 и 60 илјади луѓе само во Подгорица, а во целата земја на улица се излезени околу 250 илјади луѓе .

-Атмосферата е прекрасна. Многубројни литии тргнаа уште синоќа и утринава низ цела Црна Гора. Соборени се сите рекорди во должина на литиите, а ќе бидат сега соборени и во однос на масовноста. Црна Гора на најубав можен начин ги брани своите светињи и својата вера прадедовска, рече аналитичарот Лука Радоњиќ.

Литија!

Posted by Радио Светигора on Недела, 02 февруари 2020

Отецот Предраг Шчепановиќ рече пред Соборниот храм во Подгорица дека стигнале неколку десетици илјади луѓе вечерва.

-А велат дека спие Црна Гора, рече Шчепановиќ.

Проаѓајќи покрај зградата на Претедателството групата пееше: Се крена Црна Гора, светињите да ги одбрани мора, Мило лопове.

Најголем собир има вечерва и во Плевља, но и во другите градови во Црна Гора.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

СПЦ: Српските студенти мора да одлучат во кој универзум сакаат да живеат

Горан Наумовски

Српскиот патријарх Порфириј на Светосавската академија во Скопје

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски