ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент

Од:

Редовната седница на бугарското Народно собрание беше прекината поради сериозен инцидент и физички судир меѓу пратеници, кој се случи пред очите на јавноста и телевизиските камери.

Инцидентот се случи додека министерот за енергетика во оставка, Жечо Станков, говореше од собраниската говорница и одговараше на прашања од коалицијата „Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија“ во врска со проектот за изградба на 7-ми и 8-ми блок на нуклеарната централа „Козлодуј“.

Во исто време, во пленарната сала избувна жестока расправија меѓу Гјунај Далоолу од „ДПС – Ново начало“ и Радостин Василев, лидер на партијата „Морал, единство, чест“ (МЕЧ). Вербалниот конфликт брзо ескалираше во физички судир.

Покрај физичкиот конфликт, двајцата пратеници разменувале и тешки навреди и закани, што дополнително ја влоши атмосферата во салата.

Би можело да ве интересира

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши