(ВИДЕО) Беснее пожарот на Родос: горат хотели и куќи, илјадници евакуирани

Од:

Илјадници туристи, но и локални жители се евакуирани поради пожарот кој беснее на родос и е вон контрола. според грчите медиуми, пожарот ноќеска се проширил. Досега се евакуирани околу 30.000 луѓе.

Од утрово 400 пожарникари со помош на авиони и хеликоптери се обидуваат да ја локализираат огнената стихија. Се стравува од денешниот ден и од најавените температури од 45°C, поради што половина Грција е во т.н. црвен аларм.

Повеќето туристи со бродови биле префрлени на безбедно од плажите каде се собрале во текот на ноќта. Ноќта ја поминале во спортски сали, училишта и хотели, но и во домовите на мештаните кои срдечно помагале. Обезбедени се душеци, храна и вода, но и облека за оние туристи кои во паника пред огнената стихија која ги затекна на плажите, останале само во костими за капење.

Имало многу семејства со деца и бебиња, но според информациите од лице место сите мирно и разумно ја прифатиле драматичната ситуација во која се нашле на годишниот одмор. Драматично било во текот на ноќта кога била наредена евакуација во туристичкиот регион Линдос и кога стотици туристи ги напуштиле хотелите во мрак, со куферите и во колони се движеле кон северниот дел на Родос.

Аеродромот на Родос засега работи и локалните власти се обидуваат во соработка со туристичките агенции да направат списоци на туристи кои останале без документи, а на оние кои имаат авионски билети да им овозможат да патуваат во татковината.

Нема повредени, најлошото сценарио било избегнато со оглед на фактот дека за краток временски период биле спасени илјадници луѓе.

Би можело да ве интересира

Во Грција денеска избувнал 71 пожар

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Родос: Се почувствувал и на брегот на Турција

ВИДЕО: Речиси 600 пожарникари го гаснат пожарот во Еврос кој гори веќе 14 дена

ВИДЕО: Пожарите во Грција и натаму беснеат, наредена евакуација

Силен земјотрес го погоди Родос

(ВИДЕО) Пекол во Грција: Во еден ден избија 60 пожари, огнот однесе најмалку 20 жртви

Катерина Ѓуровски