ВИДЕО: Ретка глетка во Загреб – Срби цупкаа на „Ужичко“ пред банот Јелачиќ

Од:

Невообичаена сцена денеска можеше да се забележи на централниот плоштад во Загреб, каде група српски играорци го развеаја знамето на својата земја и го изиграа традиционалното „Ужичко коло“ пред споменикот на банот Јосип Јелачиќ.

Видеото предизвика неверување, а многумина коментираат дека по долгогодишното непријателство меѓу Србите и Хрватите, во Белград почесто можеле да се видат слични сцени во кои учествувале Хрвати, но обратните случаи биле речиси незамисливи.

Во моментов во Загреб се случува голем фолклорен фестивал, на кој учествуваат и културно-уметнички друштва од Србија. Според локалните медиуми, настапот на српските играорци не бил дел од официјалната фестивалска програма, туку спонтан.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајка во Сплит, повредени се пет деца

Хрватите следната недела ќе ги бојкотираат банките и телекомуникациските компании

Доставувач на Волт врши нужда во ходникот на зграда во Хрватска

Предраг Петровиќ

85 училишта во Хрватска добија исламистички закани, во истрагата се вклучи и Европол

Конечна пресуда: Иво Санадер не е воен профитер

Евакуација на училишта во Хрватска, добиле закани за бомби