Се уште нема официјални податоци за штетата или евентуалните жртви од земјотресот кој што утрово ја погоди Албанија, но на социјалните мрежи веќе се појавија снимки и фотографии од разорниот потрес.
Земјотресот со епицентар во Драч, Албанија, беше почувствуван и во земјава, но и во Бугарија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Италија, Косово, Србија и Црна Гора.
На силниот земјотрес му претходеа и два други посилни земјотреса со 4,8 и 3,1 степени според Рихтер.