(ВИДЕО) Протест во Црна Гора за притворен владика, граѓаните ги гаѓаат полицајците со камења

Од:

По отфрлањето на жалбата за владиката будимљанско-никшички Јоаникиј и осумте свештеници на Српската православна црква да бидат пуштени од притвор, голем број граѓани на Црна Гора излегоа на улиците во знак на протест.

Граѓаните вечерва се собраа пред Центарот за безбедност во Никшиќ, откако Веско Пејак бил повикан на информативен разговор.

Полицијата вечерва употребила солзавец на протестната поворка во Никшиќ.

Координаторот на партијата Алтернатива, никшичанецот Веско Пејак, вечерва е повикан на информативен разговор во Центарот за безбедност Никшиќ, поради статус на „Фејсбук“, во кој претходно денеска кажал дека во 18 часот ќе биде пред ЦБ Никшиќ, да искаже револт поради апсењето на свештените лица. Граѓаните ја гаѓаат полицијата со камења и скандираат.

Пејак се појави сам, а брзо му се придружија уште десетина главно млади лица. Пред ЦБ Никшиќ потоа се собрал поголем број граѓани. Собраните скандираат „не ја даваме светињата“, „пуштете го владиката“ и пејат „стана Црна Гора, светињата да се брани мора“.

Би можело да ве интересира

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

Земјотрес ја погоди Црна Гора

Црногорската војска го спаси Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните