(ВИДЕО) Протест пред амбасадата на Црна Гора во Белград – „Црна Гора и Србија, тоа е едно семејство“

Од:

Неколку стотици луѓе протестираат пред црногорската амбасада во центарот на Белград поради усвојувањето на Законот за верска слобода во Црна Гора.

„Собир за поддршка на српскиот народ“ за усвојување на законот на кој се противи Српската православна црква (СПЦ) и апсењето на пратеници на опозицискиот Демократски фронт по инцидентот во Собранието на Црна Гора го организира Студентскиот клуб на Правниот факултет во Белград.

Демонстрантите носат српски знамиња, икони и транспаренти со кои се осудува усвојувањето на Законот за слобода на религијата.

„Правдата ќе ви дојде преку ноќ. Клетвата на Свети Василиј ќе дојде кај вас “, гласи централниот транспарент.

Граѓаните извикуваат „Црна Гора и Србија, тоа е едно семејство“, „Не е ова Црна Гора, туку херојско српско легло“ и слични пароли.

Организаторите ги повикаа институциите на Република Србија да му помогнат на српскиот народ во Црна Гора.

Тие од српските власти бараат црногорските дипломати да бидат протерани од 40 дипломатски претставништва, Србија да иницира дебата во меѓународните институции за ставот на српскиот народ во Црна Гора и амбасадорот на Црна Гора во Србија да се прогласи за персона нон грата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: По драматична потрага пронајдени петтемина исчезнати во Србија, ги немаше четири дена

Катерина Ѓуровски

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси