Косовската претседателка Вјоса Османи ја заврши својата прес-конференција оваа година споредувајќи се себеси со холивудската барбика.
Облечена во светло розово сако на прес-конференција, претседателката на Косово потсети на Барби од холивудскиот блокбастер, покажувајќи кон себе и велејќи: „Оваа Барби е претседателка“. После тоа имаше громогласен аплауз.
Османи, која беше избрана за втор претседател на Косово во 2021 година, е поборник за родова еднаквост и често зборува со голем акцент против насилството врз жените.
"This Barbie is the President"
Kosovo's President Vjosa Osmani concluded her year-end press conference by quoting the Barbie movie. pic.twitter.com/kAjFbF6GkF
— kos_data (@kos_data) December 27, 2023
„Во образованието, спортот, културата, бизнисот, науката или политиката, жените покажаа дека се способни да ги достигнат височините на успехот. никогаш не престанувајте да верувате“, рече Османи во изјавата по повод Меѓународниот ден на жената годинава.
Барби, холивудскиот блокбастер за летото 2023 година, има уште една врска со Приштина. Во филмот глуми и пејачката со албанско потекло Дуа Липа, која беше назначена за почесен амбасадор на Косово во 2022 година, пренесува Политико.