(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Од:

Голем пожар избувна во нафтената рафинерија во Агиа Теодора на патот од Атика кон Коринтија. Грчката противпожарна служба соопшти дека се мобилизирани копнени и воздушни сили за гаснење на пожарот. Пожарот моментално не им се заканува на наполнетите цистерни, но гаснењето се смета за тешка операција и планот е да се намокри целиот периметар за да се спречи ширење на пламенот. Тројца работници со полесни повреди се пренесени во болница.


Густ црн чад се гледа од неколку километри, додека жителите од околните населени места добиле порака да се евакуираат. Локалните медиуми јавуваат дека гори мазут и дека според првичните проценки пожарот најверојатно настанал од експлозија при чистење на резервоарот.


Итно е запрен патниот и железничкиот сообраќај, а се очекуваат доцнења и откажувања на летови. Министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас го информираше премиерот Киријакос Мицотакис за пожарот во рафинериите.

Денеска, 17 септември, од засега непознати причини избувна пожар од големи размери во делот на единиците за рафинирање на јужната рафинерија на Мотор Оил во Аги Теодори. Ситуацијата е под контрола.

Од пожарот полесно се повредени тројца вработени од фирма-изведувач, кои се пренесени во болницата Коринт и им е укажана неопходната нега.

Од почетокот на инцидентот сме во континуирана соработка со надлежните служби. Им благодариме на Противпожарната служба и нејзините луѓе за соработката од првиот момент, информираа од Мотор оил.

Би можело да ве интересира

„Кој е следен“: Надлежните да ја отворат документацијата за дискотеката „Пулс“ од 2012 година до денес

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

Пожар во Ниш, едно лице загина, повреден е пожарникар

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Татко и ќерка загинаа во пожар во Лазаревац