ВИДЕО: Пожар на грчкиот остров Родос, жителите немаат струја, а некои ниту вода

Од:

Поради пожарот што избувна вчера на Родос, поголемиот дел од овој грчки остров остана без електрична енергија.

Пожарот може да се прошири и на познатата „Долина на пеперутките“, воената база Каламон и селото Псинтос, од каде што сите беа евакуирани.

Пожарникарите ги повикаа и жителите на околните села и населби да се евакуираат, бидејќи пожарот може брзо да се прошири, пренесуваат грчките медиуми.

Пожарот предизвика прекин на електричната енергија во поголемиот дел од островот, а услугите на мобилните оператори беа прекинати, а некои жители пријавија дека немаат вода за пиење.

Пожарот го гаснат два авиони и три хеликоптери од воздух.

Високите температури и силниот ветер го шират огнот и во други делови на Грција. Од саботата се шири шумски пожар на Пелопонез, а жителите на неколку села се евакуирани.

Од безбедносни причини, делови од автопатот од Патра до Коринт се затворени.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Пожарот кај Шибеник го гаснат повеќе од 50 пожарникари и „канадери“

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски