ВИДЕО: Почина Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“

Од:

Некогашниот предводник на екс-ју групата „Нови фосили“, Рајко Дујмиќ (65) откако пред пет дена се здоби со тешки повреди на главата во сообраќајна несреќа, денес тој почина во болницата во Ријека.

Од средата, тој престојуваше во одделот за интензивна нега за неврохирургија при Универзитетскиот болнички центар Ријека во Сушак.

Дујмиќ ја напиша својата прва песна „Смиј се“ на само 13 години. Екс-ју ѕвездата свиреше на гитара, виолина, а ги владееше и клавијатурните инструменти.

„Нови фосили“ е југословенска група основана во 1969 година. По распадот на СФРЈ, групата се расформирала, но потоа членовите во 2005 година ја возобновиле и сè уште работат заедно.

Би можело да ве интересира

Најмалку две лица загина во сообраќајка во Хрватска

Сообраќајна несреќа во Хрватска, неколку лица загинаа, има и повредени

Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

А1он

(ФОТО) Во сообраќајка загина екс хрватски фудбалер, во друго возило беа неговите сопруга и ќерка

А1он

ВИДЕО: Голем пожар во фабрика во Хрватска

Уапсен e музичарот Миле Кекин