Силно невреме денеска погоди делови од Србија.
„Во следниот час, во областа Златибор (околина Косјериќ и Ужице), како и Расин (околина Крушевац), силен конвективен развој ќе предизвика интензивни врнежи со грмежи, град и силен ветер во зоната на врнежите“, наведуваат на веб-страницата во предупредувањето објавено во 16 часот.
Силно невреме пропратено со силен ветер и град падна и во околината на Алексинац.