ВИДЕО: Објавени пет фотографии од потерниците по Радоје Звицер, го бараат за шест убиства

Од:

Откако црногорската полиција во вторник спроведе обемна операција за пребарување на вилата на избеганиот водач на Кавачкиот клан, Радоје Звицер (42), беа објавени пет од неговите фотографии кои се наоѓаат на издадените потерници.

Звицер повторно се најде во фокусот на јавноста по акцијата спроведена на подрачјето на Котор и Тиват, при што беа запленети пари и луксузни возила од објекти што ги користело семејството Звицер.

Потерниците на Европол и Интерпол прикажуваат пет различни фотографии издадени од Црна Гора и Австрија.

На барање на црногорската канцеларија на Интерпол, беше издадена црвена потерница за Радоје Звицер од Котор, а Црна Гора го бара за шест тешки убиства, убиство, обид за убиство и шверц со дрога.

Звицер е меѓународно баран по потерница на НЦБ Интерпол Подгорица, со цел водење кривична постапка пред Вишиот суд во Подгорица поради сомнение за сторени седум кривични дела создавање криминална организација, шест кривични дела тешко убиство, кривично дело обид за убиство, пет кривични дела неовластено производство, поседување и пуштање во промет наркотични дроги, кривично дело нелегално поседување оружје и експлозивни материи.

На барање на Австрија, името на Звицер претходно беше додадено на листата на најбарани бегалци.

Австриското Министерство за внатрешни работи објави дека обвинителството во Виена го бара Звицер под обвинение за шверц на 83 килограми кокаин. Тој е осомничен дека, како водечки член на криминална организација, нелегално увезувал големи количини кокаин со висока чистота од странство во Австрија, кој бил дистрибуиран преку неговата организација.

Звицер е во бегство и се сомнева дека се наоѓа во странство, соопшти австриското МВР.

Во оперативните информации на полицијата на Црна Гора, но и на земјите од регионот, Швицер е означен како еден од водачите на криминалниот Кавачки клан, кој со години војува со кланот Шкаљар, а десетици луѓе се убиени во меѓусебни конфликти.

Тој е во бегство од 2021 година, а Државното обвинителство на Црна Гора поднесе неколку обвиненија против него за организиран криминал, додека истрагата се води и во Грција.

Би можело да ве интересира

Спречени ликвидации во Белград: Снајпер, ракети и експлозив најдени кај припадници на Кавачкиот клан

Беливук и Миљковиќ сакале да „го предадат Вучиќ на Американците“

Во Малага е уапсен еден од најбараните криминалци од Кавачкиот клан

Убиен е еден од водачите на „Шкаљарскиот клан“

Звицер го чуваат неколку десетици телохранители вооружени до заби, се крие во село близу Котор

А1он

Акција на црногорската полиција, претреси во објекти на Звицер, водачот на Кавачкиот клан

Горан Наумовски