(ВИДЕО) Нуркачи го пребаруваат Дунав: освен мртви тела, кланот на Беливук во реката криел многу работи

Од:

Членовите на мафијашкиот клан на 35-годишниот Вељко Беливук ги распрачувала труповите на убиените во куќата во Ритопек, а потоа ги врзувале деловите од телата на бетонски блокови и ги фрлале во Дунав. Ова се најновите оперативни наоди на српската полиција од истрагата.

Поради тоа нуркачи на жандармеријата со денови го пребаруваат дното на Дунав, барајќи докази за злосторства, но досега не нашле ништо. Сепак, потрагата ќе продолжи и во наредните денови.

Бил издаден од соработници

Извор упатен во истрагата вели дека полицијата дошла до оваа нова ужасна информација откако неколкумина уапсени соработници на Беливук решиле да зборуваат за брутални злосторства.

– Засега, двајца од најблиските соработници на Веља детално опишаа сè што знаат за убиствата во куќата во Ритопек и на други локации. Тие открија многу повеќе детали за злосторствата на бандата на Беливук. Уште тројца од нив се заинтересирани за соработка со обвинителот, но секој мора прво да запише се што знае, па обвинителот потоа ќе одлучи кому ќе му даде статус на соработник, објаснува соговорникот за српските медиуми.

Според него, двајца соработници на Веља откриле дека телата на некои жртви биле распарчени во куќата во Ритопек. Некои делови од телото биле стопени во киселина, а коските потоа биле изгорени и закопани во дворот, додека други делови од труповите биле врзани за бетонски блокови и фрлени во Дунав, кој е во непосредна близина на куќата.

– Покрај деловите од телото, според сведоците, во Дунав биле фрлени и некои важни докази што би ја обвиниле бандата на Беливук. На дното на реката бараме и оружје со кое биле извршени злосторствата, открива изворот.

Нуркачите на жандармеријата го пребаруваат дното на Дунав, буквално метар по метар, а нивната работа е отежната од слабата видливост, но и од исклучително силните струи на водата, додава тој.

– Се пребарува дното на реката на 300 метри нагоре и 300 метри низводно од локацијата каде е куќата во Ритопек, но нуркачите сè уште не најдоа ништо. Без оглед на тоа, потрагата ќе продолжи и во наредните денови – рече соговорник на српските медиуми.

Тој исто така посочува дека уапсените соработници на Беливук од ден на ден откриваат нови злосторства на овој опасен мафијашки клан, поради што истрагата нема да заврши наскоро.

Мислеше дека е недопирлив

Вељко Беливук беше водач на навивачката група на Партизан „Принципи“, која ја користеше како параван за да формира класичен мафијашки клан. Една од неговите бази беше и специјален „бункер“ на стадионот Партизан, каде беа пронајдени инструменти и алатки за тортура, како и 18 цедиња, кои ги содржеа сите официјални податоци од истрагата за убиството на Даворин Балтиќ, член на „Кавачкиот клан“. Тој беше ликвидиран на 1 јануари 2018 година во Врачар во Белград. Во последниве години, Беливук остварил многу блиска соработка со озлогласениот црногорски „Кавачки клан“ и стана практично шеф на огранокот на таа мафијашка организација во Србија.

Иако бил убеден дека е недопирлив во Србија, Веља Невоља беше уапсен на 4 февруари, со „десната рака“, 29-годишниот Марко Миљковиќ Маре и 20 други членови на бандата, по неколкумесечно следење на полицијата, во соработка со БИА. Засега, бандата е осомничена за најмалку три убиства, како и за трговија со дрога, изнуда, рекет и други најтешки кривични дела. Постои основано сомнение, сепак, дека бројот на убиени луѓе е многу пати поголем.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он

Беливук сонуваше да биде Легија вели човекот кој го уништи Земунскиот клан

Горан Наумовски