ВИДЕО: Ноќните волци на Путин учествуваа на парадата во Бања Лука

Од:

На улиците на Бања Лука, како дел од парадата организирана од властите на Република Српска по повод одбележувањето на 9 јануари како ден на тој ентитет, се појавија членовите на контроверзната руска мото група Ноќни волци, пишува Кликс.ба.

Парадата, која се одржа на главната градска улица, ги собра членовите на Министерството за внатрешни работи на РС, ученици, студенти и разни граѓански здруженија. Сепак, присуството на Ноќните волци привлече особено внимание, најмногу поради нивната репутација, според Кликс.

Оваа група мотоциклисти, која често се нарекува „Браќата на Путин“, ја предводи хирургот Александар Залдостанов, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин. На самата парада беа забележани членови на Ноќните волци како носат знамиња со ликот на Путин.

Ноќните волци се нарекуваат и моќни руски паравоени сили. Се верува дека тие биле вклучени во неколку тајни операции во источна Украина уште во 2014 година, кога Крим бил анектиран.

Како што потсетува Кликс, во 2018 година членовите на оваа организација добија забрана за влез во Босна и Херцеговина поради оценка дека претставуваат безбедносна закана. И покрај забраната, Ноќните волци продолжуваат да доаѓаат во БиХ секоја година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Тензично во Сараево по неуспешниот обид за апсање на Милорад Додик

Во сообраќајка загина пратеникот во Собранието на Република Српска, Срѓан Тодоровиќ

Горан Наумовски

Сијарто: Унгарија нема да гласа за санкции против избраните претставници на Република Српска

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

Додик: Нов договор или мирно да се разделиме

Порака од Москва: Обидот за укинување на Српска ќе има сериозни последици

Горан Наумовски