ВИДЕО: Насилно спречени претставници на СИРИЗА да положат венци во Политехничкиот факултет во Атина

Од:

Претставници на грчката владејачка партија СИРИЗА, меѓу кои и министри и пратеници, рано утрово беа вербално нападнати пред Политехничкиот факултет во Атина и спречени да положат цвеќе во рамки на тридневните манифестации за 45-годишнината од студентскиот бунт против хунтата.

Според видеото објавено од грчката телевизија „Скај“, насобрана група млади лица предизвика мал инцидент во моментите кога претставниците на СИРИЗА сакаа да положат венец во Политехничкиот факултет. Се обидоа да им го одземат венецот и им го попречија влезот.

Во делегацијата на СИРИЗА беа министерот за образование Костас Гавроглу, алтернативниот министер за одбрана, Панајотис Ригас, секретарот на партијата Панос Скурлетис и пратениците Никос Тоскас, Теодорос Дрицас, Анета Кавадиа и Никос Маниос.

За тензиите пред Политехничкиот факултет, претставниците на СИРИЗА во изјава за грчката телевизија „Скај“ рекоа дека ваквите постапки не ги почитуваат генерациите што го организираа стуентскиот бунт, дека станува збор за скриен фашизам, но и за радикално малцинство.

Сѐ уште не е познато дали групата што ги спречи претставниците на СИРИЗА е група која припаѓа на некоја политичка партија, дали се припадници на вонпарламентарната левица или можеби се студенти.

Во Грција утре се одбележува 45-годишнината од студентскиот бунт против хунтата, а зградата на Политехничкиот факултет, е симбол на бунтот, бидејќи во 1973 оттаму започна борбата против воената хунта.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент