(ВИДЕО) Најстроги мерки за Белград: Речиси ништо нема да работи по 21 часот

Од:

Српската премиерка Ана Брнабиќ ги соопшти трите мерки за превенција од коронавирусот, кои на денешната седница ги донесе кризниот штаб.


„ Гледате, ова беше долга седница на кризниот штаб, разговаравме за многу проблеми, пред се за ситуацијата во Белград која е најкритична. Денеска донесовме мерки само за Белград. Целосна забрана на јавно собирање во Белград на повеќе од 10 луѓе, на отворено и на затворено. Во принцип, сите овие мерки ќе бидат времени, бидејќи штом се создадат услови за нормален живот, тие ќе бидат укинати“, рече Брнабиќ.

Таа најави и дека се враќа една од мерките која ја имале во текот на вонредната состојба во Србија.

„Секој угостителски објект, продавница, аптека ќе мора да има јасно истакнато колку луѓе е дозволено да престојуваат во моментот, а тоа е на четири метри квадратни, само еден човек“, рече Брнабиќ.

Третата мерка е ограничување на работното време на објектите со затворен простор, од утре па додека ситуацијата не биде под контрола. Забраната ќе почнува од 21 часот до 6 наутро.

Брабиќ изјави дека оние локални самоуправи каде нема критична состојба со ширењето на коронавирусот, животот ќе може да продолжи нормално, се додека не почне и таму да се зголемува бројот на новозаразени.

„Штом се создадат услови за нормален живот, овие мерки ќе се прекинат“, рече Брабиќ за строгите мерки кои се прогласени во Белград.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ: Рокот за формирање нова влада е 18 април на полноќ

А1он

(ВИДЕО) Брнабиќ: Ректорскиот колегиум да одговори кој учествувал во обидот за воен удар

Брнабиќ: Успеавме да го исполниме четвртото студентско барање

Брнабиќ за инцидентот во Градското собрание: Терористички чин на оние кои се обидоа да го запалат Собранието

Ана Брнабиќ: Нема борба против корупцијата додека Ѓилас и Шолак се на слобода

А1он

Брнабиќ: Тие што не работеле нема да земаат плата