Повеќе од две недели интензивно се трага по Матеј Периш од Сплит, кој исчезна во Белград ноќта меѓу 30 и 31 декември. Матеј со пријателите дошол во Белград за да ја дочека Новата 2022 година, а забавата во белградскиот клуб „Готик“ се претвори во ноќна мора откако Хрватот од овој клуб замина во непознатото.
За тоа каде е Матеј повеќе од две недели само се шпекулира, а полицијата се уште ги пребарува Сава и Дунав.
Набргу по исчезнувањето на Матеј, во медиумите се појавија снимки од надзорните камери на кои тој наводно се наоѓа, а на нив се гледа како што потврдуваат од српското МВР, исчезнатиот Хрват, кој во маица трча низ белградските улици. Дополнително, српската полиција најави реконструкција на настанот, а се обидува да ја открие причината зошто Матеј со трчање се движел кон ресторанот „Саванова“.
Спуштањето на Матеј по скалите кај „Саванова“ може да се види на видеото кое претходно се појави на социјалните мрежи, а што се случи потоа останува непознато.
На страната „Исчезнат Матеј Периш“, отворена на социјалните мрежи, наведено е дека видеото го содржи можеби „најголемиот детаљ што сите го пропуштиле“, истакнувајќи да се обрне внимание на деветтата секунда од снимката, односно на извикот на непознато лице кое вели: „Сега стани“, пренесуваат српските медиуми.