ВИДЕО: Министерот за здравство на Хрватска вакцинираше граѓани

Од:

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош заедно со медицинскиот персонал од Хрватскиот завод за јавно здравје лично ги вакцинираше граѓаните.

„Ова е борба за цели цивилизации. Ќе видиме каква ќе биде состојбата за 10 до 15 дена“ – изјави министерот.

Тој ги вакцинираше граѓаните со „Астра зенека“.

Берош на Твитер сподели фотографии од вакцинацијата.

„Повеќе од милион дадени дози, надминат рекордот на дадени дневни дози, секој четврти граѓанин вакциниран. Статистиката е одлична, да им се дава вакцина на граѓаните е одлично чувство. Им благодарам на сите кои вакцинираат, но и на граѓаните што имаат доверба во струката и во науката“ – напиша Берош на социјалните мрежи.

Минатата година во ноември, Берош го прележа коронавирусот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хрват со денови седи со синот пред училиште, не дозволува детето да носи маска

Хрватска воведува ковид потврди за здравствените работници

Катерина Павлова-Николовска

Во Хрватска на родителска средба само со ковид-потврда

Во сите балкански земји расте бројот на новозаболени од Ковид-19, Србија и Косово со повеќе од 1.000 нови случаи

Катерина Павлова-Николовска

Словенија предлага Хрватска да го олесни преминот на граница за вакцинираните со една доза „Астра зенека“

ВИДЕО: Комплетен колапс на системот за вакцинација против Ковид-19 во Хрватска