Хрватска наскоро ќе почне еднаш неделно да ги тестира учениците за коронавирус

Од:

Децата на школска возраст во Хрватска наскоро ќе имаат обврска секој понеделник да се тестираат на коронавирус пред да одат на училиште. Како што дознава Јутарњи лист, во тек е изработка на план предложен од Министерството за наука и образование, согласно кој тестовите би биле дистрибуирани во сите училишта во Хрватска, по што би им биле поделени на родителите.

Учениците од прво одделение до завршни одделенија во гимназија би се тестирале дома еднаш неделно, а Министерството наскоро ќе објави подетални информации за тоа. – Сметаме дека тоа е логичен правец. Има многу болни деца, но и самоизолација. Основниот план е децата да бидат тестирани од родителите во понеделник пред училиште. Засега се планира тест еднаш неделно, но доколку некој се покаже позитивен, епидемиолошката служба и училиштата одредуваат како ќе постапат – вели потпретсеателот на Влдата, Давор Божиновиќ.

Според ТВ Нова, тестирањето на децата би можело да почне за десет дена. Само заразените деца треба да останат дома. Сега е потребно се да се подготви логистички и да се опремат училиштата со милиони тестови.

Речиси 30.000 деца во Хрватска сега се заразени или се во самоизолација, најголем дел од нив основци. И наставници се заразени, така што часовите се одржуваат онлајн одвреме-навреме, наведува медиимот.

Би можело да ве интересира

Тони Цетински и познати спортисти биле дел од афертата со лажни ковид потврди во Хрватска

Во Хрватска зголемен бројот на заразени со Ковид-19

Рекордни бројки на заразени со Ковид-19 во Романија, Хрватска и Словенија

Катерина Павлова-Николовска

Во Хрватска од денеска построги анти-ковид мерки

Рекордни 9.058 нови случаи на Ковид-19 во Хрватска

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Протест на хрватските здравствените работници против задолжителните ковид-потврди