(ВИДЕО) Мелница за месо, алати со кои ги мачеле жртвите и средства за чистење: што се пронашла полицијата во тајната соба во куќата на Беливук

Од:

Во тајната просторија на куќата во Ритопек, каде членовите на озлогласениот клан на Вељко Беливук наречен Веља Неволја ги мачеле и убивале жртвите на најмонструозни начини, полицијата пронашла бројни предмети со кои биле извршувани злосторствата, вклучувајќи и индустриска мелница за месо, алат и шкаф полн со спакувано оружје, средства за отстранување траги, гумени чизми и облеката што ја носеле.

Видеото што беше прикажано при гостувањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на ТВ Прва, го покажува првиот упад на полицијата во тајната просторија во „куќата на ужасите“ во Ритопек. Како што може да се види на видеото, во просторијата се влегува преку заѕидан премин на дното на ѕидот во гаражата.

И покрај неколкумесечната потрага по куќата, оваа просторија била пронајдена откако еден од членовите на кланот станал соработник и сведокот во случајот против групата и полицијата открила каде е тајната соба и што има во неа.

Со уривање на тој дел од ѕидот, полицијата го расчисти преминот кон просторијата каде што беше пронајдена мелницата за месо, како и бројни други предмети.

– Пронајдени се многу докази, траги од ДНК. Тие колеле, измачувале, мелеле луѓе во големи индустриски мелници за месо, изјави српскиот претседател, за време на прикажувањето на снимките.

– Еден од оние кои колеле му испраќал ќебапи на Звицер (Радоје Звицер, водачот на кавачкиот клан). Кога ќе ги заколат и сомелат, тогаш испраќале ќебапи. Тоа нема никаква врска со навивањето, туку со дрогата, политиката, изјави Вучиќ и додаде дека тоа станало практика подоцна, а дека на почетокот остатоците од сомелените луѓе ги фрлале во Дунав, така што рибите ќе ги изеле и ќе се избришела секоја трага.

Според она што може да се види на видеото, заедно со арсеналот на оружје пронајден во куќата, од тајната просторија бил изнесен црн куфер, во кој имало снајпер завиткан во целофан. Според она што го изјави претседателот Вучиќ, снајпери и митралезот „Browning“ со оклопна муниција што може да пробие блиндирани автомобили, не се подготвувале за навивачки, ниту дилерски пресметки меѓу криминалците, туку за некој од високите државни функционери.

Друга пушка била спакувана на ист начин.

Хируршки маски, ракавици, сунѓери, ролни од целофан, киселина и бројни хигиенски средства со кои се обиделе да ги отстранат трагите од крвта на жртвите, биле пронајдени во плакарот, во кој имало и оружје и на подот од собата.

– Тие дури ги кречеле тие простории, мислејќи дека ќе ја сокријат ДНК – објасни Вучиќ.

Алатот, пронајден на подот во собата, а меѓу кои на видеото може да се видат чеканот и лопатата, бил користен и како оружје за убиство или подоцна кога биле „отстранети телата“.

– Остри предмети им ставале во анусите на луѓето, а со секири и чекани им ги кинеле главите, кршеле глуждовите, наведе Вучиќ.

Српскиот претседател рече дека обвинителот е задоволен од доказите и дека тие ќе бидат повеќе од доволни за да се испрати безмилосната криминална група на долга затворска казна.

Покрај бројните други докази, во куќата биле пронајдени гумени чизми и гумени панталони кои веројатно ги носеле за време на убиствата и отстранувањето на трагите.

Членовите на кланот беа уапсени на 4 февруари под сомнение дека извршиле најтешки кривични дела киднапирање, убиства и трговија со дрога.

Беливук и Миљковиќ се обвинети за организирање криминална група која што извршила најтешки дела криејќи се зад навивачката група „Принципи“ на Партизан. Покрај нив, уапсени се уште дваесетина членови на групата, а Обвинителството за организиран криминал започна истрага против вкупно 22 лица.

На 29 април, Апелациониот суд им го продолжи притворот на уапсените за три месеци поради сите правни причини – опасност од бегство, опасност од криење или уништување докази, за да не се повторат кривичните дела на краток рок, како и за да не се вознемири јавноста.

Би можело да ве интересира

Вељко Беливук и Дарко Шариќ обвинети за уште четири убиства

Обвинителството бара 221 година затвор за дилерите на Беливук

Валканите тактики на кланот на Беливук: Ги откажуваат адвокатите пред сведочењето на единствената преживеана жртва

Беливук: Уште еден член на групата ќе стане обвинет-соработник на обвинителството

Првата жртва на кланот на Беливук беше брутално убиена пред точно 4 години

Ана Ололовска

Куќа на ужасот: Прегледани 1000 морничави слики од куќата на Беливук во Ритопек

А1он