ВИДЕО: Масовна тепачка во Косово Поле, полицајци го извлекоа подебелиот крај

Од:

Едно лице е рането со огнено оружје во тежок инцидент кога биле нападнати и претепани полицајци, денеска во Косово Поље (Фуш Косова), во близина на Приштина.

Како што известуваат локалните медиуми, околу 14 часот биле нападнати двајца полицајци на улицата „Пеќка“ во градот, по што било испратено засилување. Едно лице се здобило со повреди од огнено оружје, додека во физичка пресметка, пет лица се повредени, од кои двајца се полицајци,” се вели во соопштението на косовската полиција.

Медиумите објавија и аматерски снимки од инцидентот, на кој се гледа како неколкумина луѓе буквално ги шутираат полицајците.

Двајца осомничени се приведени во врска со инцидентот, а полицијата работи за да го расветли случајот.

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица