Седум луѓе се убиени во масакрот, што се случи денеска во Цетиње.
Ова се први полициски податоци од местото на трагедијата, а се стравува дека бројот на жртви на масовното убиство ќе биде уште поголем.
На пукањето и претходела физичка пресметка во таверна, потврдија за „Вијести“ од повеќе неофицијални извори.
Според истите информации, полицијата трага по осомничениот Ацо Мартиновиќ од Цетиње.
Според информациите на „Вијести“ од Управата на полицијата, повеќекратното убиство се случило попладнето во угостителски објект кога А.М. со употреба на огнено оружје им ги одзеде животите на неколку лица.
Полициската управа упати апел до граѓаните на Цетиње да останат присебни и да останат во своите домови, додека сите расположливи полициски единици се на терен и преземаат активности од нивна надлежност за ставање на ситуацијата под контрола и кривично гонење на сторителите.
„Ја информираме јавноста дека се работи за ситуациски настан, кој не е резултат на разбивање на високоризични организирани криминални групи. За разрешување на оваа кризна состојба на терен се испратени специјални полициски единици“, се вели во полициското соопштение. .