Силно невреме синоќа ја зафати Словенија и поплави повеќе од 500 згради само во Љубљана. Дежурните служби имале повеќе од 2.700 повици од граѓани во перидот меѓу 20 часот и полноќ.
Na ljubljanski zelezniski postaji voda odnasala beton. pic.twitter.com/o96ZWtPO7Z
— Svet (@Svet_KanalA) September 29, 2021
Патиштата се поплавени како и подземните гаражи. Уништени се бројни автомобили, луѓе биле заглавени во нивните автомобили во многу висока вода.
Tako močan naliv, da meteorna voda pokrove kanalov meče iz ležišč…?? pic.twitter.com/EnqbTyiJHI
— Simpson (@simon_kuzma) September 29, 2021
Проблемот настана поради тоа што огромна количина дожд падна за многу кратко време. Во Љубљана паднаа 88 литри на метар квадратен, што спрема податоците е нешто што се случува еднаш во 250 години.
На социјалните мрежи се појави драматична снимка од театарот во Љубљана. Од таму велат дека кровот попуштил и водата навлегла на сцената. Ова се случувало за време на предства.
„Вакво нешто не е видено во историјата на театарот“ – изјави портаполот на театарот.