ВИДЕО: Лекар од Македонија прегази куче во Софија, виде дека е под тркалото и продолжи да вози преку него

Од:

Македонец, лекар на Военомедицинската академија во Софија се соочува со казна затвор и до пет години откако со автомобил прегази куче, маалски миленик во населба во главниот бугарски град.

Објавени се снимки од надозрни камери кои покажуваат дека тој го гази кучето, излегува од автомобилот, го гледа згмеченото куче, се враќа во автомобилот и вози преку кучето и заминува.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО:

Соседите од маалото кои се грижеле за кучето, за кое велат дека било мирно и старо 12 години, организираа протест со барање да бидат применети најстоги казни.

Гаражата на човекот што го прегази кучето била обоена со натпис „Убиец“.

Тој е доктор на Воено-медицинската академија. „Како може доктор кој е одговорен за спасување животи да му го одземе животот на ’рбетно суштество. Шокирана сум“, вели жена која живее во соседството.

Соседите велат дека човекот се иселил од зградата, живеел во неа под кирија, пренесуваат бугарските медиуми. „Намерно го прегази кучето со кола. Можеби очекуваше да се помести, но е старо – 12 години старо, нема таква реакција“, рече жена што живее во блокот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Сакаме да постигнеме достоинствено и соодветно решение со нашиот сосед Бугарија

Горан Наумовски

ВИДЕО: Се степаа пратениците во бугарскиот парламент

Софија ја поддржа позицијата на Италија, Белгија и Малта за замрзнатите руски средства

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Мицкоски: Потребни се гаранции од ЕУ – секоја отстапка донесе нов услов