ВИДЕО: Курти има два услова за нови избори на северот на Косово, Србите протестираат петти ден

Од:

Протестите на Србите во Звечан продолжуваат петти ден. Некои дури преноќуваа во близина на поставената и засилена бодликава жица. Работниците од седум часот доаѓаат и се потпишуваат во книгата како доказ дека навреме дошле на работа.

КФОР не дозволува возила на косовската полиција да минуваат низ улицата кон општината за да ги зачува граѓаните на безбедно и да спречи нови конфликти.

Србите опстојуваат на барањата албанските градоначалници да ги напуштат општинските згради и уапсените за време на конфликтот со косовската полиција да бидат ослободени од притвор.

Премиерот на Косово Албин Курти услови одржување на нови избори во општините на северот на Република Косово.

Како што најави, одржувањето на нови избори го услови со завршување на, како што наведе, „насилните протести пред општините на север“ и целосно спроведување на Бриселскиот договор.

Курти го објави ова на Твитер откако телефонски разговараше со американскиот заменик-советник за национална безбедност Џонатан Финер и американските сенатори Крис Марфи, Пит Рикетс и Џин Шахин.

„Отстранувањето на насилните толпи пред општинските згради и целосното спроведување на Бриселскиот договор е патот кон деескалација, до нови избори“, напиша Курти.

Франција и Германија ги повикаа Белград и Приштина што е можно поскоро да организираат нови избори во општините на северот на Република Косово, каде што се појавија тензии, изјави вчера францускиот претседател Емануел Макрон, по разговорите меѓу него, германскиот канцелар Олаф Шолц и шефот на европската дипломатија Борел одржаа со претседателите на Србија и на Косово од Александар Вучиќ и Вјос Османи на маргините на состанокот на Европската политичка заедница во Молдавија.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина