Во програма во живо на српската телевизија „Хепи“ се случи инцидент меѓу потпретседателката на Српската радикална партија, Андријана Арнаутовиќ и Иван Ивановиќ од движењето „СНП Наши“.
Емисијата „Добро утро Србија“ ја водеше водителка Круна Уна Митровиќ, а инцидентот се случи за време на програмата во живо на телевизијата „Хепи“. Иван Ивановиќ од движењето „СНП Наши“ зеде чаша вода и ја стави пред Арнаутовиќ за потоа да дојде до инцидентот меѓу политичарите.
— Mariel (@malasirena111) August 19, 2023
Тој и рече „да се напие малку вода“. Таа потоа ја зеде чашата со вода и го поли, а тој не додржа и врати со иста мерка.
Спорот настана поради различни политички ставови. Се расправаа, но и меѓусебно се обвинуваа и се навредуваа, од почетокот на емисијата атмосферата била наелектризирана, кулминирајќи со поливањето вода врз главата на политичкиот конкурент, поради што емисијата веднаш беше прекината.