Нов протест „Србија против насилството“, прв пат говореа пратеници од опозицијата

Од:

По 20 протести „Србија против насилството“, првпат со политички говори од опозициските пратеници. Како што јавуваат српските медиуми, блокирани се улиците во центарот на Белград за протестот кој почна од пред Собранието, до државната РТС, траса по која се протестираше и минатата недела.

Пратениците од опозициските Демократска партија и Еколошко востание, Срѓан Миливојевиќ и Александар Јовановиќ Чута се обратија пред граѓаните со барање срспкиот претседател Александар Вучиќ да ги закаже изборите пред 31 декември, но и со најава дека опозицијата ќе патува низ Србија и ќе се приклучи на локалните протести.

Покрај вонредни избори, остануваат и барањата на протестите за смена на раководството на РТС, одземање на националните фреквенции на телевизиите „Хепи“ и „Пинк“, како и затворање на таблоидните весници кои според нив промовирале говор на омраза.

Едно од барањата е и смена на членовите на Советот на регулаторното тело за електронски медиуми, и нови луѓе на чело на министерството за внатрешни работи и директорот на безбедносно-информативната агенција.

Би можело да ве интересира

Снег во Србија, блокирани камиони на Златибор

Масовни покани за воени вежби во Србија : Кој не сака, следува казна

Военото раководство на Србија демантира дека сакале да влезат во Косово: Навреда за интелектот

(ВИДЕО) Граѓаните предупредија: Нека очекуваат социјални немири од пошироки размери

Орце Костов

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Орце Костов

ВИДЕО: Инцидент во емисија во живо во Србија, навреди и поливање со вода

Предраг Петровиќ