Прашањето за поглавјата кои Србија ги отвора во пристапните преговори со ЕУ, за малку не заврши со физичка пресметка во хрватскиот Сабор помеѓу пратеникот од опозициската партија Мост, Никола Грмоја и премиерот Андреј Пленковиќ.
U Dnevniku u 19 pogledajte: – U Saboru na rubu incidenta- Radnici na jedan sat blokirali prilaze pogonima rafinerije Sisak- 15 migranata, među kojima 6 djece, spašeno od smrzavanja na području Plješevice- Nakon što je odbio Brexit, britanski parlament glasuje o povjerenju vladi
Posted by HRT Vijesti on Среда, 16 јануари 2019
Грмоја за порталот „Индекс.хр“ раскажа дека за време на седницата на парламентот го прашал премиерот за отворањето на поглавјата на Србија и зошто Загреб тоа не го блокира, како и дека министерката Марија Пејчиновиќ Буриќ работела во кроист на Србија, доколку не повика Комисија која ќе мора да разгледува што Србија прави по прашањето за исчезнатите и други прашања. Грмоја додаде дека по неговото прашање Пленковиќ агресивно реагирал.
– Премиерот многу агресивно реагираше и дофрлаше од своето место дека сум беден. Јас побарав заштита од претседателот на Саборот. Гордан Јандроковиќ во тој момент ја прекина седницата, а од ХДЗ ни дофрлаа. Пленковиќ тргна кон мене многу агресивно. Јас само стоев, бидејќи никогаш го немам видено Пленковиќ во такво издание, рече Грмоја.
Како што раскажа тој, Пленковиќ, кој тргнал кон него со јасна намера физички да се пресметаат, го застанале другите пратеници.
– Не прозвав никој врз основа на националност, туку само реков дека премиерот не ги штити хрватските интереси, рече Грмоја.
Независниот пратеник Бојан Главашевиќ објасни дека премиерот Пленковиќ ја ескалирал ситуацијата.
– Грноја забележа зошто не е блокирана Србија. Рече дека Пленковиќ и Пејчиновиќ Буриќ работат за српски интереси и го нарече анемичен. Пленковиќ потоа тргна кон Грмоја, а Миро Буљ ги раздвојуваше, раскажа Главашевиќ.
Хрватската влада реагираше по инцидентот. Тие наведуваат дека Пленковиќ направил два до три чекори кон Грмоја, за да го праша што точно мислел кога рекол дека некој работи за интересите на Србија и на кого мислел кога рекол анемичен.