Потрагана по 27-годишниот Матеј Периш кој исчезна во Белград ноќта меѓу 30. и 31. декември трае веке 11 дена. Спрската полиција секојдневно ги истражува локациите каде што се претпоставува дека би можел да биде најден. Најголем акцент е ставен на подрачјето на реката Сава.
Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ денеска потврди дека хрватски полицајци се упатени кон Белград за да бидат дел од порагата по Матеј Периш.
„ Побарав од министерот Давор Божиновиќ да испрати екипа во Белград. Тие се веќе на пат. Најважно е семејството и целта јавност да добијат целосна информација, сите елементи да бидат истражени до крај. Уште не се познати многу работи“ – изјави Пленковиќ.