ВИДЕО: Хоти утре на средба со Макрон, а в недела со Вучиќ во Брисел

Од:

Косовскиот премиер, Авдулах Хоти, ќе отпатува денеска за Париз, каде што утре во Елисејската палата ќе се сретне со францускиот претседател, Емануел Макрон.

Веста преку соопштение за медиумите ја објави владината прес-служба, наведувајќи дека средбата што ќе се одржи во претседателската палата „говори за вниманието и посветеноста на претседателот Макрон кон Косово и неговата евро-атлантска иднина“. Посетата на Хоти на Париз се реализира во пресрет на неговата средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најавена за в недела, на 12 јули, во Брисел.

Информацијата за средбата во Брисел, со која ќе се означи продолжувањето на преговорите меѓу Приштина и Белград, денеска преку својот твитер-профил ја објави гласноговорникот на ЕУ, Петер Стано, наведувајќи дека на неа ќе учествуваат и шефот на европската дипломатија, Хозеп Борел, и пратеникот на ЕУ за косовско-српските преговори, Мирослав Лајчак.

Според Стано, Хоти и Вучиќ ќе се состанат со цел „да се продолжи со работата за постигнување сеопфатен договор за нормализација на односите меѓу двете земји“.

Претходната средба на косовските и српски лидери, што требаше да се одржи на 27 јуни во Белата куќа во Вашингтон, се одложи поради информацијата, објавена три дена порано, дека пред Специјалниот суд за Косово во Хаг е подигнато обвинение за воени злосторства против претседателот на Косово, Хашим Тачи.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

Поранешен европски шампион застрелан во ресторан во Белград

(ВИДЕО) Вучиќ: Јавете им, ви пропадна Шарената револуција, нема да ја победите Србија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ подготвува сендвичи за граѓаните: Се гледаме во Митровица во 17 часот

Предраг Петровиќ

Почна 15-часовната студентска блокада во центарот на Крагуевац

Сијарто: Санкциите за НИС не се проблем само за Србија, туку за цела Централна Европа, Унгарија е подготвена да помогне