(ВИДЕО) Хаос во Тирана: Демонстрантите бараат оставка од Еди Рама, има повредени

Од:

Илјадници демонстранти од цела Албанија се собраа во Тирана на антивладин протест организиран од главната опозициска Демократска партија (ПД). Собирот пред зградата на владата на булеварот „Дешморет е Комбит“ беше обележан со инциденти и тензии.

Организаторите бараат оставка од премиерот Еди Рама и од вицепремиерката Белинда Балуку, која е и министерка за инфраструктура и енергетика. Демократската партија вели дека причината за протестот се случаите на корупција.

Демонстрантите истакнуваат дека Балуку е обвинет за кршење на рамноправноста на учесниците во тендери и јавни аукции. Поради оваа причина, Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) побара од парламентот да го укине нејзиниот пратенички имунитет за да се овозможи нејзино апсење.

Лидерот на Демократската партија, Сали Бериша, се обрати на толпата, велејќи дека опозицијата исполнила неколку големи обврски кон граѓаните.

„ПД останува решена да соработува со секој фактор, со секој граѓанин и со секоја политичка сила на најширокиот фронт што Албанија некогаш го видела. Верувајте дека, исто како што ја спасивме опозицијата кога сакаа да ја уништат, ќе ја спасиме Албанија, ќе ги спасиме Албанците и ќе им го дадеме местото што го заслужуваат“, рече Бериша.

Тој ги повика сите опозициски сили да се обединат во борбата.

По говорот на Бериша, ситуацијата ескалираше. Избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата, а неколку молотови коктели беа фрлени врз зградата на владата.

Накратко избувна пожар на надворешноста на зградата, а неколку лица беа повредени во немирите.

Демократската партија и другите опозициски партии најавија дека ќе продолжат со протестите во наредните недели.

Би можело да ве интересира

Обвинение за Јанчев од Левица за смртта на 16-годишниот Матеј Димовски

Предраг Петровиќ

Инцидент на лет кон Скопје: Словачки навивач e приведен, на десетмина им е забранет влез во Македонија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пратениците од опозицијата ја пробија оградата пред Парламентот на Србија

Горан Наумовски

Македонец баран со меѓународна потреница уапсен во Тирана

Катерина Ѓуровски

Инцидент на српско-косовската граница: Маскирани Албанци пукале кон српски војници

Горан Наумовски

ВИДЕО: Објавени снимки од упадот на маскирани мажи на Деновите на српска култура во Сплит