Грчката полиција со солзавец и со водени топови во Атина ги растера најголемиот дел од демонстрантите кои протестираа против вакцинацијата за коронавирусот. Околу 1.500 луѓе учествуваа на протестот пред парламентот против грчкиот план за имунизација против Ковид-19. Во средата на протрстот имаше околу 5.000 луѓе.
Протестите се мотивирани од одлуката на владата на Грција за задолжителна вакцинација на здравствените работници и на вработените во домовите за стари лица. Владата излезе со предлог и наставниот кадар да мора да се вакцинира на есен.
Во изминатите седмици расте бројот на новозаразени во Грција, во средата имаше околу 3.000 нови случаи. Во земјата има повеќе од 12.800 починати од последици од коронавирусот.