ВИДЕО: Голема блокада на белградска Автокоманда, протести во многу градови во Србија

Од:

Студентите, кои повеќе од два месеци блокираа околу 60 факултети во Србија поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во 10 часот почнаа 24-часовна блокада на Автокоманда – еден од најважните патишта во Белград. На блокадата им се приклучуваат и граѓани земјоделци со трактори. Како и на сите блокади и протести и денеска имаше 15 минути тишина за 15-те жртви во падот на настрешницата на Железничката станица во нови Сад.

Блокадата на Автокоманда следи по генералниот штрајк што се одржа во петокот во Србија. Студенти и други граѓани учествуваа во протестните прошетки. На штрајкот се приклучија и медиумите, бројни синдикати, наставници, професори, лекари, адвокати, средношколци, земјоделци.

За Блокатада има планирана целодневна програма и активности, а според студентите, најголемата излезност и гужва се очекува по 16-17 часот когаи граѓаните завршуваат со работа па ќе можат да се приклучат.

Паралено со блокадата на Автокоманда во Белград, блокади има и во другите градови, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и во помалите места.

Би можело да ве интересира

Потврдено е обвинението против тројца обвинети за уривање на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор