Избеганиот осуден педофил, Ивица Мишковиќ од Какањ избега низ прозорец во приземјето на зградата на Основниот суд во Бања Лука, а надзорните камери на АТВ го снимиле Мишковиќ во моментот кога бега. Мишковиќ, откако избегал низ прозорецот на судската палата, истрча низ улицата, беше снимен од надзорните камери на Адико банка како бега зад зградите. После тоа му се губи секаква трага, пренесува.
Откако беше осуден на четири години затвор за сексуална злоупотреба на дете, Мишковиќ од судницата беше однесен во притворот кој се наоѓа на приземјето на зградата.
„Таму чекал да му биде врачено решението, а потоа ја искористил приликата и ја турнал полицајката која била со него. Таа паднала на радијаторот и се обидела да го спречи да побегне, но не успеала и беше полесно повредена во таа прилика“, вели упатен извор на АТВ.
„Тој побегнал кон населбата Борик и таму му се губи секаква трага. Бидејќи со себе немал ниту документи, ниту пари, не можел да стигне далеку, но брзо му се изгубила трагата. Затоа постои можност да има помошник кој го чекал по што се оддалечил. Исто така постои можност некаде да се сокрил“, рече изворот на АТВ.
Мишковиќ избега откако беше осуден на четири години затвор. Според неофицијални информации, тој е осуден за силување на 9-годишно девојче, ќерка на неговиот посинок. Случајот е пријавен во 2021 година, а обвинението против Мишковиќ беше потврдено минатата година. Тој долго време беше во бегство и по него беше распишана потерница, врз основа на која беше уапсен во Германија и предаден на правосудството на Српска.