ВИДЕО: Ердоган го посети местото каде се урна зграда, бројот на жртви се зголеми

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го посети местото на несреќата во Истанбул, каде што во средата се урна осумкатна станбена зграда, при што загинаа 17 лица.

Тој рече дека можат да се извлечат бројни поуки од оваа несреќа.

Причината за уривањето се уште е предмет на истрага, а локалните власти наведоа дека последните три ката биле нелегално изградени. Зградата имала 14 стана во кои живееле 43 станари.

„Во оваа опбласт имаме сериозен проблем со илегалната градба за да се заработат пари“, изјави Ердоган и најави одлучни владини мерки.

Тој ја посети и болницата каде што се сместени десетина повредени, од кои седуммина се во сериозна состојба.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу претходно изјави дека 14 лица се спасени од под урнатините на зградата во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул.

„Тие кои ги загубија своите најмили треба да бидат уверени дека одговорните ќе бидат казнети“, порача Сојлу.

Би можело да ве интересира

Ердоган му порача на Путин: Договорот меѓу Турција и Русија е клучен за мирот во регионот

А1он

Ердоган: Опозицијата ќе одговара за саботажата насочена кон турската економија

Горан Наумовски

Ердоган: Членовите на ЦХП дадоа информации и докази против Имамоглу

Турската полиција приведе 55 лица во Истанбул, го навредија Ердоган

А1он

Ердоган: Изразувам сочувство за загинатите во Кочани

А1он

Турција го блокира пристапот до социјалните мрежи по апсењето на градоначалникот на Истанбул

А1он